Според изменетата процедура, патниците повеќе нема да мора да пополнуваат прашалник на аеродромите на хартија со податоци за документите за ковид, туку тоа однапред ќе се поставува на посебна веб-страница
Египет ги поедностави правилата за влез на странски туристи воведени поради пандемијата на коронавирус, објави „Eџипт eр“.
Според изменетата процедура, патниците повеќе нема да мора да пополнуваат прашалник на аеродромите на хартија со податоци за документите за ковид.
Наместо тоа, доволно е однапред да се регистрирате на посебна страница и таму да објавите потврда за вакцинација или резултатите од тестот за коронавирусот, пренесува РИА новости.
На туристите кои заборавиле да се пријават сепак ќе им биде дозволен влез, но сертификатите ќе треба да се покажат по пристигнувањето.