Народниот правобранител самоиницијативно покренал постапка за контрола во градинката врз основа на медиумски информации дека во вторник на 19 декември во градинка во Нов Белград починало дете
Едногодишно дете починало вчера во градинка во Нов Белград. Според српските медиуми, денеска сите влезови во градинката се затворени, а на оградата е поставена полициска лента.
„Слушнавме полициски сирени, а потоа многу брзо пристигнаа екипите на итната помош. Немавме поим што се случува. Знаеме дека таму има градинка, но немавме поим дека може да се случи ваква трагедија. Ова е страшно“,
велат граѓаните кои живеат во близина на градинката.

Како што известуваат српските медиуми, според првичните сознанија, детето спиело, се разбудило, почнало да повраќа, а набргу потоа починало.
„Смртта на едногодишното момче, кое почина во градинка во Нов Белград, најверојатно е последица на синдром на ненадејна смрт“,
пренесуваат тамошните медиуми.
По завршување на истрагата, за случајот е известено и Вишото јавно обвинителство, по чија наредба телото на детето е испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта на детето.
Народниот правобранител самоиницијативно покренал постапка за контрола во градинката врз основа на медиумски информации дека во вторник на 19 декември во градинка во Нов Белград починало дете.

Заради утврдување на сите релевантни факти и околности поврзани со овој случај, народниот правобранител во текот на денот ќе врши директен надзор над работата на контролираната предучилишна установа.