Еден загинат и двајца тешко повредени е епилогот од тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид-Кичево.
До несреќата, која се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново, дошло при директен судир на патничко моторно возило и возило за достава, при што на самото место загинал возачот во автомобилот, додека со тешки телесни повреди се здобиле двете лица од комбето.
Од силината на ударот е опожарено возилото за достава, кое целосно изгорело.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР-Охрид за да се утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.
Тој дел од автопатот е во изградба веќе неколку години, на делници се одвиваат градежни зафати и е релативно слабо обележан и обезбеден.