Кратко време по инцидентот, уапсен е маж, што се смета дека го извршил нападот. Според полицијата, не е позната врската меѓу жртвите со осомничениот напаѓач
Едно лице почина, а двајца други се тешко повредени во напад со нож во близина на железничка станица во Сиднеј, пренесува „Гардијан“.

Полицијата на Нов Јужен Велс добила известување за инцидент во предградие западно од Сиднеј. Било пријавено дека маж избодел неколку луѓе во движење и избегал.
„Нападот се случил на прометна улица. Медицинските лица им пружиле помош на три лица со тешки повреди, вклучувајќи маж на возраст меѓу 30 и 40 години, кој починал на местото на настанот“,
изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Сајмон Гласер.
Кратко време по инцидентот, уапсен е маж, што се смета дека го извршил нападот. Според полицијата, не е позната врската меѓу жртвите со осомничениот напаѓач.
Сепак, како што пренесуваат тамошните медиуми, тој и е познат на полицијата за сторени ситни кривични дела и голем број инциденти поврзани со неговото ментално здравје.
Како што информираат од полицијата, истрагата е се уште во рана фаза и не се знае кој бил мотивот на нападот.
