Од Амбасадата на САД соопштија дека во нападот на влезот на зградата нема жртви и повредени меѓу нивниот персонал
Вооружени лица утрово се обиделе да ја нападнат Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Либан, во близина на главниот град Бејрут, соопшти либанската војска, пренесуваат светските агенции.

Според соопштението, во престрелка со војниците еден од напаѓачите, за кого само се наведува дека е сириски државјанин, бил ранет и пренесен во болница.
Локалните медиуми објавија дека пукањето околу американското дипломатско претставништво во предградие северно од Бејрут траело речиси половина час.
Од Амбасадата на САД соопштија дека во нападот на влезот на зградата нема жртви и повредени меѓу нивниот персонал.
⭕ #BREAKING: Statement from the US embassy in Beirut:
— Journalite (@journaIite) June 5, 2024
At 8:34 a.m. local time, small arms fire was reported in the vicinity of the entrance to the U.S. Embassy. Thanks to the quick reaction of the LAF, ISF, and our Embassy security team, our facility and our team are safe.… pic.twitter.com/D1s8vEtZOO
Засега не се познати мотивите за нападот.
Инаку, либанските медиуми објавија фотографии на кои се гледа раскрвавеното тело на ранетиот напаѓач, кој носи црн елек со натпис „Исламска држава“ на арапски и иницијали „I“ и „S“ на англиски.
Претставник на либанските безбедносни служби за агенцијата Асошиејтед прес изјавил дека во нападот учествувале четири лица, од кои еден ги однел напаѓачите до местото и тројца кои отвориле оган.
Под услов да остане анонимен, службеникот рекол дека еден од напаѓачите бил убиен во престрелката со војската, еден избегал, а третиот бил ранет и приведен од либанската армија.
Reports show three people shooting at US Embassy in Beirut, Lebanon. According to these reports, one shooter has died.
— AF Post (@AFpost) June 5, 2024
Follow: @AFpost pic.twitter.com/uqtkYI4yA9
Од армијата официјално соопштија дека распоредила војници околу амбасадата и околните објекти.
Амбасадата на САД во Либан се наоѓа северно од Бејрут во високо обезбедена зона со повеќе контролни пунктови по должина рутата до влезот на објектот, наведува Ројтерс. Агенцијата потсетува дека амбасадата која претходно се наоѓаше во Бејрут е преселена на оваа локација по самоубиствениот бомбашки напад во 1983 година во кој загинаа 63 лица.
Американските власти за нападот тогаш ја обвинија либанската милитантна група Хезболах.
Следната, 1984 година, на 20 септември цел на бомбашки напад беше и новата локација на амбасадата.
Во септември лани либанските безбедносни сили уапсија Либанец кој отвори оган кон амбасадата. Во нападот немаше жртви. Еден месец подоцна, стотици демонстранти се судрија со либанските безбедносни сили во близина на американската амбасада за време на протест за поддршка на народот во Газа и милитантната група Хамас во нејзината војна со Израел.
