Марилија Мендонка, загина во авионска несреќа кога малиот приватен авион со кој патувала се урнал
Една од најпопуларните бразилски пејачки, Марилија Мендонка, загина во авионска несреќа кога малиот приватен авион со кој патувала се урнал во југоисточната држава Минас Жераис.
Дваесет и шест годишната Мендонка загина вчеравечер додека патувала на концертот што требаше да го одржи во Рио де Жанеиро.

Покрај Мендонка, во несреќата загинал и нејзиниот продуцент Енрике Рибеиро, нејзиниот вујко и асистент Абисиел Силвеира Дијаз Фиљо, пилотот и копилот, пренесува Ројтерс.
Веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја потврди нејзиниот тим.
„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на пејачката Марилија, нејзиниот продуцент Хенрике Рибеиро, нејзиниот вујко и советник Абисиел Силве Диас Фиљо и пилотот и копилотот кои засега нема да ги именуваме. Авионот полета од Гојанија во Каратинг, каде Марилија настапи синоќа. Ова се сите информации што ги имаме во моментов“,
напишаа тие.
Според Си-ен-ен Бразил, причината за авионската несреќа засега е непозната.

Марилија Мендонка се стекна со слава како пејачка која ја освои наградата Латино Греми во 2019 година за најдобар албум во нејзината категорија.

Популарната изведувачка на бразилска музика, која зад себе го остави двегодишниот син, требаше да настапи вчера на концерт во градот Каратинга, оддалечен 12 километри од местото на несреќата.