Во неизвесната трка, Трамп и Харис ќе се фокусираат на седум клучни сојузни држави каде што само неколку илјади гласачи би можеле да одлучат кој ќе управува со светската суперсила
Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја.
И покрај низата уникатни и историски пресврти на овие претседателски избори во САД, предизборните анкети покажуваат дека демократската потпретседателка и поранешниот републикански претседател уживаат подеднаква поддршка пред изборите на 5 ноември.
Во неизвесната трка, Трамп и Харис ќе се фокусираат на седум клучни сојузни држави каде што само неколку илјади гласачи би можеле да одлучат кој ќе управува со светската суперсила.
„Изгледа како фрлање паричка“,
изјави за АФП професорот по политички науки на Универзитетот во Чикаго, Џон Марк Хансен.
Длабоко поделените Соединетите Американски Држави ќе испишат историја во секој случај: или со избирање на првата жена претседател или со избирање на осуден престапник.
Од радост до фашисти
Харис првично се фокусираше на пораки за радост и позитивност откако неочекувано го замени претседателот Џо Бајден на гласачкото ливче во јули, но оттогаш го префрли својот фокус на Трамп како „фашист“ кој ја загрозува демократијата и репродуктивните права на жените.
„Ова е клучен период во историјата“,
рече Кимберли Витакер, поддржувач на Камала Харис на нејзиниот предизборен митинг во Мичиген.
Се очекува Трамп да ги отфрли резултатите доколку повторно загуби, што ќе предизвика страв од хаос и насилство во веќе напнатата и длабоко поларизирана Америка.
Републиканецот ја засили својата екстремна реторика, а неговиот десничарски избирачки фонд дополнително беше мобилизиран поради фактот што Трамп преживеа два обиди за атентат во текот на летото. Трамп ги опиша мигрантите како животни, вети дека ќе постави кампови за масовна депортација и се закани дека ќе ја задуши опозицијата во земјата, нарекувајќи ја „внатрешен непријател“.
Седум земји
Во центарот на трката се седум клучни сојузни држави, таканаречените „свинг држави“: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Висконсин и Пенсилванија.
Најтесната претседателска трка во Америка во последните децении зависи од тоа кој може да го придобие малиот број неопределени гласачи кои остануваат и кој може да ги убеди нивните поддржувачи да излезат.
Според анкетите, се очекува да има големи разлики во изборот на кандидатите по пол, возраст и расни групи избирачи.
Двете кампањи ќе потрошат милиони долари за рекламирање во последните денови од кампањата, а и двете ја користат поддршката од холивудските ѕвезди – Ријана, Тејлор Свифт, Еминем и Барак и Мишел Обама ја поддржаа Харис, а актерот Мел Гибсон како и технолошкиот тајкун Илон Маск навиваат за Трамп.
