Девојчето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот
Единаесетгодишно девојче вчеравечер е прегазено на улицата „Перо Наков“ во Скопје, по што возачот избегал од местото на настанот, информира Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

„Вчера во 20:30 часот е пријавено дека на улица ‘Перо Наков‘ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот“,
се вели во полициското соопштение.
Девојчето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила скопската полиција, од каде се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
