Премиерот Еди Рама на својот профил на „Фејсбук“ соопшти дека од утре Албанија ги затвора границите со Грција, преку копнен и воздушен пат.
„Почнувајќи од утре од 10 часот се забранува влез и излез со Грција. Значи се забранува како воздушниот, така и патниот сообраќај. Страв не, претпазливост да“,
напиша Рама.
Албанија денеска потврди 10 нови случаи на коронавирус, со што бројот достигна 33, а како што предупреди Рама се очекува бројот да се зголеми.
Рама преку видео порака, исто така, предупреди дека мерките ќе бидат уште построги.
„Мора да знаеме дека бројот ќе се зголеми, бидејќи како што ни објаснува глобалното искуство, епидемијата не е во наша моќ да ја запреме, туку само да ја успориме со мерки, нивно зајакнување“,
додава Рама.
Поради забраната за меѓуградскиот сообраќај од Тирана и Драч кон Скадар, Фиер, Елбасан, Лежа, Љушња и Валона и движењето на приватни возила, но и зголемиот број заразени, паричните казни кои ги најави Владата за сите оние кои не ги почитуваат препораките, градовите се празни.