Премиерот на Албанија, Еди Рама, побара од Северна Македонија да го прифати францускиот предлог за да биде кренато бугарското вето и двете земји, Северна Македонија и Албанија да ги отпочнат преговорите за членство во ЕУ.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловно пристапување и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци од Северна Македонија: Прифатете!
напиша Рама во Твитер.