Едно лице загина во директен судар на две патнички возила, кој попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево во близина на село Врбјани.
Според првичните информации потврдени од полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 18:20 часот, кога при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, смртно настрадал возачот на „голфот“.
Сообраќајот на тој дел од магистралниот пат се одвива со пренасочување по делниците од автопатот во изградба.