Властите изјавија дека сè уште истражуваат дали станува збор за природен земјотрес или го предизвикала рударската активност

Колапс во рудник за бакар во Чиле уби еден работник, а петмина останаа заробени под земја, соопштија тамошните принудувајќи ја државната рударска компанија да ги прекине операциите во погодените области на најголемото подземно наоѓалиште на бакар во светот. Спасувачката акција е во тек.
Девет други рударски работници се повредени, соопшти чилеанската Национална корпорација за бакар, позната како Коделко, опишувајќи го инцидентот како резултат на „сеизмички настан“.
Геолошкиот завод на САД пријави земјотрес со јачина од 5 степени во област на централно Чиле каде што се наоѓа рудникот „Ел Тениенте“ на Коделко, вчера во 17:34 часот по локално време.
Коделко пријави дека потресот имал јачина од 4,2 степени.
Властите изјавија дека сè уште истражуваат дали станува збор за природен земјотрес или го предизвикала рударската активност.
Чилеанските обвинители, исто така, започнаа кривична истрага за да утврдат дали се прекршени некои безбедносни стандарди.