По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција

Едно лице загина, а четворица се повредени во судир меѓу „фолксваген голф“ и „бмв“ кој се случил синоќа околу 23:10 часот, на ул. Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти полицијата.
Оттаму велат дека oд здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х. (56 години), додека неговите тројца сопатници и возачот на „бмв“ Ф.П.(28), се здобиле со телесни повреди и завршиле во болница.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
„На 15.11.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Борис Трајковски’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје и патничко возило ‘бмв’ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило ‘фолксваген голф’ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило ‘бмв’, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ и Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“,
соопшти Министерството за внатрешни работи.
