Настрадал човек кој се обидел да го гаси огнот, но најверојатно дошло до задушување
Едно лице почина во пожар кој избувнал денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово.
Пожарот бил пријавен во 15 часот во територијалната противпожарна единица. Во моментов пожарот е под контрола, a екипите работат на негово догасувањe, јавува МИА.
„На терен се упатија две екипи од противпожарната единица, со шестмина пожарникари. Зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси огнот, но најверојатно дошло до задушување и тој починал. Кога нашите екипи пристигнаа на местото, човекот беше веќе починат“,
изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.