Осомничениот од анонимен Фејсбук профил му пишувал на градоначалникот и со смртни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за обид за изнуда и загрозување на сигурноста. Осомничениот , како што информираат од Обвинителството, на 2 септември од анонимен Фејсбук профил му пишал на градоначалникот на Неготино и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра.
„Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“,
информираат од Обвинителството.
Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.