Под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна
Од утрово на територијата на државата се регистрирани десет пожари, од кои активен е само пожарот што неколку дена гори во Општина Долнени, кај селото Стровија, во близина на местото викано Гајдарец – Клепало, каде што гори нискостеблста шума.

Под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна.
Денеска си заминуваат словенечките пожарникари што дојдоа во земјава да помогнат во гаснењето на пожарите откако беше активирано барањето за меѓународна помош. Тие помагаа во гаснењето на пожарот на планината Готен во Беровскиот Регион.
Изгаснати се пожарите во Кичево, Куманово, Липково, Чашка, Ресен, Битола, Гевгелија и во Струга.
Инаку, пожарот во Општина Долнени кај селото Стровија вчера иако беше ставен под контрола, сепак повторно се разгоре и стана активен во попладневните часови.