Пожарот во ридовите меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци е локализиран попладнево во 17 часот, информира вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
„Тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од шумското стопанство ‘Малешево’ – Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот“,
објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.
Во објавата се посочува дека денеска пожарите ги гаселе тимови од подрачните одделенија за заштита и спасување од Берово, од Валандово и од Куманово.
„Тимот од Свети Николе со пумпи беше ангажиран за полнење на базенот со вода за полицискиот хеликоптер. ‘Ер- тракторот’ денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот“,
наведуваат од ДЗС.
