Најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 21 отсто и информации и комуникации од 7,4 отсто
Бруто-домашниот производ (БДП) порасна за 3,8 отсто во третото тримесечје годинава во однос на истиот период лани, информира денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 21 отсто и информации и комуникации од 7,4 отсто.
Според податоците на Статистика, во третото тримесечје, бруто-инвестициите во основни средства претставуваат двигател на порастот на бруто-домашниот производ.
Во структурата на БДП, учество на бруто-инвестициите се зголемува од 26,1 отсто во третото тримесечје од 2024 година на 31,1 во истото тримесечје од годинава.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП е 80,2 отсто.

Како што се вели во извештајот на ДЗС, според сезонски и календарски приспособени податоци, стапката на раст на БДП во третото тримесечје од годинава во однос на тоа од 2024 година е 3,6 отсто.
