Според првичните информации, повреден е и самиот осомничен, најверојатно од огнено оружје

Две лица се убиени, а едно е повредено денеска околу 14 часот во тетовското село Челопек.
Од СВР Тетово за „360 степени“ велат дека полициски службеници денеска го лишиле од слобода лицето И.И., на возраст од околу 60-ина години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје усмртил двајца свои соселани и роднини и повредил едно лице.
Според првичните информации, повреден е и самиот осомничен, најверојатно од огнено оружје.
Полициски и екипи на Брзата помош, од СВР Тетово велат дека веќе се на местото на настанот и преземаат мерки. На местото е излезен и јавен обвинител кој врши увид на настанот.
Повеќе детали околу инцидентот најавуваат подоцна.
Според неофицијалните информации, осомничениот и другото повредено лице се во сериозна здравствена состојба.