Како што објави босанскиот портал „Кликс“, двојното убиство се случило вечерва во градот Шамац. Според првичните информации, вооружениот маж дошол во приватна куќа во која го ранил сопственикот и убил маж и жена кои биле гости во куќата. Полицијата трага по напаѓачот чиј идентитет ѝ е познат

Вечерва во босанскиот град Шамац се случило двојно убиство. Полицијата интензивно трага по напаѓачот кој со огнено оружје застрелал вкупно три лица, од кои две починале, а едно е рането, објави кликс.ба.
Како што објави овој босански портал, на местото на кое се случила пукотницата испратена и жандармеријата која го бара напаѓачот чиј идентитет наводно е веќе познат.
Повреденото лице е пренесено во здравствена установа во градот Добој за да му се укаже медицинска помош.
За случајот е информиран дежурен обвинител во Јавно обвинителство на Добој под чиј надзор полицијата ги презема сите мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност.
Како што неофицијално дознава порталот, вооружениот маж дошол во приватна куќа во која го ранил сопственикот и убил маж и жена кои биле гости во куќата. Настанот се случил доцна попладне околу 19 часот.