Одговарајќи на новинарско прашање дали Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги има утврдено кандидатите за градоначалници, меѓу кои и за општина Центар, Мемов рече дека преговорите со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ се во тек и дека се одвиваат во духот на постигнување договор за заемна поддршка
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кое е дел од владејачката коалиција, денеска го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за недомаќинско работење, сомнителни јавни набавки и милионски трошоци што не дале резултати.
Повикувајќи се на извештаи на Државниот завод за ревизија, ваквите тврдења денеска на прес-конференција ги кажа портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, според кого ДЗР утврдил сериозни слабости во финансиското работење на Општина Центар за 2023 година.

„Според Извештајот, општината има ненаплатени побарувања од над 4,4 милиони евра, без утврдена рочна структура или правна можност за наплата. Дополнително, во делот на јавните набавки се констатирани бројни неправилности кои го нарушуваат принципот на конкуренција и транспарентност, предвидени во законот за јавни набавки“,
рече портпаролот.
Како потврда за ваквите наводи, тој изнесе неколку, како што ги нарече, скандали, од кои првиот е за Детската градинка „Пролет“, проект кој бил започнат со договор од 154 милиони денари, а завршил со 218 милиони денари, преку серија анекси без документирано техничко и економско оправдување.
„30 милиони денари за ‘непредвидени’ работи, без образложение зошто тие не можеле да се планираат однапред. Промени во проектот – без дополнување на основниот проект, без согласност од проектант, без правна ревизија. Нема проект на изведена состојба, ниту целосна ревизија на сите проектни фази. Ова не е само административен пропуст, ова е флагрантно кршење на Законот за градење и потценување на граѓаните“,
кажа Мемов.
Втор скандал, според него, е реконструкцијата на улицата „Аминта Трети“, за што биле потрошени 43 милиони денари, а улицата нема функционален водовод.
„Цели 43 милиони денари, со дополнителен анекс од 6 милиони, биле потрошени за реконструкција на улица каде: Јавното претпријатие ‘Водовод и канализација’ одбива да ја преземе новата мрежа, поради низа технички грешки. Новиот водовод не е поврзан со постојните системи, што, како што вели јавното претпријатие, ‘ја губи смислата на проектот’. Не е спроведен технички прием, ниту е извршен катастарски упис – објектот де факто не постои за државата. Договорот дозволува казнување и активирање на гаранција, но општината
рече портпаролот.
не презема ништо!“,
Гориво без трага и докази е вториот случај кој според ЗНАМ го покажува, како што велат, недомаќинското и сомнително работење на градоначалникот на Општина Центар.
Според партијата, која е дел од власта, Општината исплатила 888 000 денари за гориво со налози што немаат податоци за дестинација, цел или авторизација.
„Нема фискални сметки, нема записници, само фактури од добавувачи. Притоа, нема ниту еден акт што уредува како и кога се користат службените возила. Правилникот за тоа е донесен дури во текот на 2024 година – предоцна за да се прикрие направената штета“,
рече портпаролот на ЗНАМ.

Според Мемов, во овие случаи не станува збор само за нестручност, туку за, како што вели, хроничен институционален немар, во кој се трошеле пари на граѓаните како да се ничии.
„Време е да кажеме: Доста е! Центар заслужува нов почеток. Со отчетност. Со законитост. Со работа, а не само глума и фејсбук спотови“,
рече тој.
Истовремено, тој на денешната прес-конференција информира и за одржувањето на две панел-дискусии на кои сите функционери од ЗНАМ ќе дадат отчет за сработеното како дел од владата во изминатата година, а кои ќе се оджрат на утре.
Портпаролот го најави и претстојниот Конгрес на партијата што ќе се одржи во недела на 29 јуни 2025 година и на кој ќе бидат избрани претседател, Централен и Надзорен одбор со мандат од четири години.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги има утврдено кандидатите за градоначалници, меѓу кои и за Општина Центар, Мемов рече дека преговорите со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ се во тек и дека се одвиваат во духот на постигнување на договор за взаемна поддршка.
„Ставот на Движењето ЗНАМ за настап на овие локални избори е дека ние ќе настапиме самостојно со свои советнички листи во сите градови во Македонија каде што имаме општински организации, а таму каде што немаме ќе објавиме јавен оглас за кандидирање на кандидати за советничките листи, додека во делот на градоначалничките места разговорите со ВМРО-ДПМНЕ одат во насока на заемна поддршка. Таму каде што ќе има кандидати на ЗНАМ нема да има кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Центар е една од општините која е
кажа тој.
предмет на разговорите“,