Австралија денеска забележа рекорден број нови случаи од почетокот на пандемијата, со регистрирани повеќе од 8 200 нови случаи. Претходниот негативен рекорд беше 5 600, вчера, најмногу во Нов Јужен Велс и Викторија
Двете најнаселени австралиски држави повторно воведоа антиковид-мерки откако бројот на дневни заразени случаи достигна највисоко ниво поради сојот омикрон – повеќе од 8 200.
Државата Нов Јужен Велс , каде што живее една третина од Австралијците, соопшти дека повторно го вовела задолжителното носење маски во затворени простории и на јавни места, додека јавните институции се обврзани да го ограничат бројот на посетители и да ги реактивираат проверките на статусот на вакцинација преку кју-ар кодот на влез.

Државата Викторија, која има слична бројност на население, исто така, ги врати маските како задолжителна заштита, со цел да се намали притисокот врз здравствениот систем.
Новите мерки се воведуваат на два дена пред Божиќ и ги променија претходните планови на Владата за целосно отворање, по речиси две години од воведувањето на карантинот. Причина е брзото ширење на сојот омикрон меѓу населението, и покрај фактот што бројот на целосно вакцинирани е повеќе од 90 проценти.

Хоспитализирањата и смртните случаи се минимални, но „експлозијата“ на инфекции создаде загриженост кај здравствените работници, додаваат властите.
Австралија денеска забележа рекорден број нови случаи од почетокот на пандемијата, со регистрирани повеќе од 8 200 нови случаи. Претходниот негативен рекорд беше 5 600, еден ден претходно, најмногу во Нов Јужен Велс и Викторија.