Азем Садику вели дека цело семејство: Една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране
Градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, изјави дека околу двесет лица од вкупниот број загинати во сообраќајната несреќа во Бугарија се од населените места од оваа Општина.
Како што пренесува МИА, тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето на причините за трагедијата.
„Цело едно семејство: Една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране. Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е што и нашиот колега матичар, кој работи во Службата за матична евиденција во Скопје, загина со неговата сопруг. Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, која,исто така, загина со малолетно дете. Има загинати и од Долно Количани“,
рече Садику.
Садику потенцира дека, според информациите што ги има, од седумте преживеани, четворица се од Долно Количани.
„Ова е една голема загуба за сите нас, за цела држава и во име на граѓаните на Општина Студеничани првин на роднините на загинатите им изразувам длабоко сочувство, Господ да им даде сабр за да ја издржат оваа болка, починатите да бидат наградени со Џенет. Човек не може да најде зборови како да ја искаже оваа голема жалоста и болката. Црн ден за целата држава, а посебно за нашата Општина“,
рече Садику, како што пренесува МИА.