По наредба на јавен обвинител, телата на двајцата загинати се предадени на обдукција, а увид на местата на несреќите извршиле екипи на СВР Струмица во присуство на јавен обвинител
Две лица, жители на струмичките села Сушево и Градско Балдовци, загинале во две одделни сообраќајни несреќи што вчера попладне се случиле во реонот на Струмица.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), во едната сообраќајна несреќа, која во СВР Струмица била пријавена во 16:35 часот, животот го загубил 46-годишнен жител на селото Сушево со иницијали К.В. откако со возило „пежо“ се превртил на коловозот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај местото викано Слобода.
Од здобиените повреди тој починал на самото место, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Еден час подоцна, односно во 17:40 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од село Габрово до село Банско, К.Д. (63) од село Градско Балдовци, Струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Тој починал на самото место како последица на здобиените повреди.
По наредба на јавен обвинител телата на двајцата загинати се предадени на обдукција, а увид на местата на несреќите извршиле екипи на СВР Струмица во присуство на јавен обвинител.
