Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот
Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање.
Според Конкурсот на Министерството за образование и наука (МОН), за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на МОН.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на страницата на МОН.
Второто пријавување на учениците за упис во средно образование ќе биде на 27 јуни до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици ќе се објави на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на МОН.
Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот.