Едното лице со повредите се здобило додека извршувал работни задачи за приватна фирма во општина Гази Баба, а другото при извршување градежни работи на подрачјето на скопски Карпош

Две лица, вчера, биле хоспитализирани откако се здобиле со повреди при извршување работни задачи.
Педесет и седумгодишниот Б. Ц. од тетовското село Челопек, вчера со тешки телесни повреди бил хоспитализиран во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма на подрачјето на скопската општина Гази Баба.
Со тешки телесни повреди, вчера, се здобил и 64-годишниот З. П. од Скопје. Повредите ги добил додека извршувал градежни работи на подрачјето на општина Карпош.
„На 13.05.2024 во 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на подрачјето на Карпош во Скопје со повреди се здобил З. П. (64) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“,
стои во соопштението на МВР.
