Околу 5 000 лица присуствуваа на концертот кој беше наречен експериментален за да се утврди дали е можно животот да се врати во нормала по ваква пандемија
По 14 дена, шест лица биле позитивни, но се заразиле на друго место
Научниците во Шпанија не најдоа докази за зголемено ширење на коронавирусот кај лицата што минатиот месец присуствуваа на голем експериментален концерт во Барселона на кој присуствуваа 5 000 луѓе.
Шест лица се заразиле со коронавирус во рок од 14 дена по концертот, но инциденцата е помала од онаа што ја има кај општата популација, објави Би-би-си.
Околу 5 000 лица присуствуваа на концертот кој беше наречен експериментален за да се утврди дали е можно животот да се врати во нормала по ваква пандемија. Сите присутни прво беа тестирани и за цело време носеа маски, но не мораа да одржуваат растојание едни од други.
Од шесте лица што се заразиле по концертот, научниците заклучиле дека четворица од нив биле заразени на друго место, а не на самиот настан.
Вирусологот Борис Ревоjo, кој учествувал во подготовка на протоколите за безбедност во арената „Палау Сант Џорди“, вели дека не може категорично да исклучи дека другите две лица биле заразени за време на концертот, но дека постои голема веројатност пренесувањето да се случило на друго место.
„Мерките што ги спроведовме беа многу безбедни“,
вели тој.
Шпанските власти минатиот месец дозволија концертот на групата „Love of Lesbian“ да биде дел од истражувачки проект за ширење на вирусот, а стапката на инфекција кај посетителите беше двојно помала од онаа на луѓето на иста возраст во Барселона, покажале резултатите.
„Ништо не сугерира дека пренесувањето на вирусот се случило за време на настанот“,
изјави експертот за инфективни болести Хосеп Марија Либре на прес-конференција во вторникот.
Концертот е еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата, во време кога земјите ширум светот бараат нови начини за безбедно одржување јавни настани.
Сличен дводневен експеримент се случи во Холандија во март, а учествуваа околу 1 500 луѓе.