Повредите на младите девојки им биле констатирани во локалната Општата болница, додека увид на местото на несреќата извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово
Деветнаесетгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Куманово-Скопје, откако возилото марка „јагуар“ во кое била сопатничка излетало од коловозот.

Несреќата се случила вчера претпладне, а со „јагуарот“, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, управувала 20-годишната Е.А., која се здобила со телесни повредени.
„На 06.10.2025 околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на село Романовце, кумановско, патничко возило ‘јагуар’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А.“,
се вели во информацијата од МВР.
Повредите на младите девојки им биле констатирани во локалната Општата болница, додека увид на местото на несреќата извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.