Во несреќата тешко е повредено уште едно лице кое патувало во истиот автобил, и кое, според иформациите на српските медиуми, итно е пренесено во најблиската здравствена установа
Две лица ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот Белград – Ниш, додека едно лице со тешки повреди итно е префрлено во болница, јавуваат српските медиуми.

Дел од нив повикувајќи се на свои извори пишуваат дека жртвите наводно се државјани на Северна Македонија, кои биле во возило со германски регистарски ознаки и најверојатно транзитирале низ Србија.
Сообраќајната несреќа се случила кај клучката Умчари, кога автомобил, марка “сеат“ со гермаски регистарски ознаки излетал од патот под сè ште неразјаснети околности.
Од фотографиите што ги објавија дел од српските медиуми може да се види дека автомобилот е тешко оштетен, а на местото се присутни и противпожарни екипи.
Српски „Телеграф“ повикувајќи се на неофицијални информации, пишува дека до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола над возилото и првин удрил во заштитната ограда, а потоа и во сообраќаен знак покрај патот. О силината на ударот, мажот и жената што биле во автомобилот починале на самото место.
Екипа на Итна помош за кратко време пристигнала на местото, но единствено што можела да направи е да констатура смрт кај мажот и жената, додека третиот патник од истото возило бил пренесен во најблиската медицинска установа.
Како што што пренесуваат повеќето медиуми, екипи на српската полиција сè уште вршат увид на местото кој треба да помогне во утврдување на причините и околностите за трагичниот настан.
