Според пишувањата на „Н1“, во болницата во Сремска Митровица се згрижени 35 лица, едно лице веднаш било пренесено во Клиничкиот центар на Војводина, а едно лице е во операциона сала. На другите се врши дијагностицирање

Две лица се загинати, а околу 80 се повредени откако автобус се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, што ги пренесуваат српските медиуми, станува збор за автобус на превозникот „Сирмиум бус“, во кој се превезувале работници на компанијата „Хелткер“.
Од српската полиција велат дека несреќата се случила денеска околу 14:45 часот кога автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел.
Повредените лица се транспортираат до Општата болница во Сремска Митровица, каде што им се укажува потребната медицинска помош.
Според пишувањата на „Н1“, во болницата во Сремска Митровица се згрижени 35 лица, едно лице веднаш било пренесено во Клиничкиот центар на Војводина, а едно лице е во операциона сала. На другите се врши дијагностицирање.
Припадници на полицијата и на службите за итни случаи, како и дежурниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Сремска Митровица, се на местото на настанот, а патот е затворен за сообраќај.