Учесници во сообраќајката се автомобили марка „фиат“ и „пежо“ и мотоцикл марка „сузуки“
Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што вечерва се случи на улицата „Ацо Шопов“ во скопско Влае, во близина на бензинската станица на „Лукоил“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во сообраќајката учествувале патничко возило ‘фиат‘, управувано од Б. Р. (25) од селото Буковиќ, патничко возило ‘пежо‘, управувано од С. А. (52) од Скопје и мотоцикл ‘сузуки‘, управуван од А. Ј. (35) од Скопје“,
информира полицијата.
Во ГОБ „8 Септември“ со Итна медицинска помош се пренесени Б. Р., возачот на возилото „фиат“ и А. Ј., возачот на мотоциклот.

Екипите на полицијата вршат увид на местото на сообраќајката.