На руската страна од границата, пак, регионалниот гувернер на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, изјавил дека украински беспилотни летала убиле 18-годишен маж на мотоцикл во село во близина на границата и жена во автомобил во градот Грајворон
Две лица се убиени во руски напади на североисточниот украински град Харков и неговата околина, а цел на удари ноќеска било и пристаништето Измаил на Дунав, каде се оштетени пристанишни објекти и делови од енергетската инфраструктура, соооштиле официјални претсставници, пренесоа светските медиуми.

Обвинителството во регионот Харков, во соопштение објавено на Телеграм рано утрово, навело дека една жена починала во болница како последица од повредените здобиени од нападот врз Харков, како и дека девет лица се повредени во два кварта од градот, кој се наоѓа на 30 километри од границата со Русија и е честа цел на напади.
Според регионалното обвинителство, во напад со дрон бил убиен маж во неговиот автомобил во област во близина на границата.
Во меѓувреме, локалните власти во пристаништето Измаил на реката Дунав во југозападна Украина, соопштиле дека градот, исто така, бил цел на напад и дека се пријавени штети напристаништето и на енергетските објекти.
На руската страна од границата, пак, регионалниот гувернер на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, изјавил дека украински беспилотни летала убиле 18-годишен маж на мотоцикл во село во близина на границата и жена во автомобил во градот Грајворон.
Белгород често е цел на напади од страна на украинските сили во четиригодишната војна меѓу Киев и Москва.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во текот на вчерашниот ден 17 украински беспилотни летала биле пресретнати и уништени на пат кон главниот град на Руската Федерација.
