Едно од лицата е 15-годишник кој бил уапсен пет минути по полноќ во Скопје на подрачјето на Карпош
Две лица се приведени во одделни случаи во главниот град, и тоа малолетно лице кое палело оган и горело кабли, како и скопјанец кај кого полицијата пронашла запалени кабли. Како што велат од Министерството за внатрешни работи, 15-годишникот бил уапсен поради постоење основни на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“, оти бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на улицата „Скупи“, каде запалил оган и горел кабли.
„Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“,
велат од МВР.
Во вториот случај, полициски службеници го уапсиле 44-годишниот И.К од Скопје оти при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.