Полицијата во два одвоени настани ги лиши од слобода Б. И. (38) од Куманово и Б. С. (41) од Скопје. Кај едниот се пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација, а кај другиот 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат, исто така без документација
Во два одвоени настани вчера се приведени две лица на автопатот Табановце – Куманово, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Оддел за гранични работи и миграции во два одвоени настани ги лишија од слобода Б. И. (38) од Куманово и Б. С. (41) од Скопје“,
се вели во полициското соопштение.
Во првиот случај, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И., а при преглед на возилото се пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација.
„Лицето е лишено од слобода, а стоката е одземена“,
соопштија од МВР.
Во вториот случај, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. С., во чие возило се пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат, без документација.
„Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода“,
пишува во соопштението на полицијата.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
