„Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите, тој два дена подоцна починал во болница“, соопшти ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – тешка телесна повреда.
Како што соопшти Обвинителството, на 10 септември, во вечерните часови, во паркот „Жена борец” во Скопје, осомничените на возраст од 44 и 46 години, со умисла тешко повредиле едно лице кое подоцна починало во болница.
„Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите, тој два дена подоцна починал во болница“,
соопшти ОЈО Скопје.
Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.