26-годишниот А. Л. и 18-годишниот Е. В. насилно ја извлекле 30-годишната жртва од дворот на нејзината куќа во село близу Дебар
Две млади лица на возраст од 26 и 18 години, од селата Џепиште и Отишани, добија кривични пријави за грабнување и полов напад и силување, информираа од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението, се вели оти двајцата осомничени на шести ноември околу 19 часот, насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзината куќа во село во околината на Дебар и ја внеле во возило „ауди“, управувано од 18-годишниот Е. В. Откако ја грабнале жртвата, се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде 26-годишниот А. Л. физички ја нападнал, по што таа изгубила свест, а тој ја силувал.
„По извршениот напад, двајцата ја однеле жената во Општата болница во Струга, каде побарале лекарска помош“,
велат од МВР.
По случајот, двете лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава.
