Две безживотни тела се пронајдени и извлечени од грчката крајбрежна служба по падот на мал израелски авион во близина на островот Самос, јави МИА.
Според првичните информрации, станува збор за авион од типот „Цесна 172“ кој полетал од Израел, а некаде над островот Самос му се изгубила секаква трага.

Претходно, грчките медиуми јавија дека авионот е исчезнат, но подоцна се потврди информацијата дека две безживотни тела се пронајдени, а според информациите на ЕРТ пронајдени се и делови од авионот.