Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома бидејќи се чувствувала подобро, изјави за МИА началникот на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, доктор Антоан Паракеов
Две кавадарчанки на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош во Кавадарци каде што биле третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома бидејќи се чувствувала подобро, изјави за МИА началникот на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, доктор Антоан Паракеов.
Доктор Ратко Грков од кавадаречката Итна медицинска помош во изјава за МИА вели дека и во негова смена имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.
Паракеов и Грков апелираат на внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца со цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.
