„По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет“, информираат од МВР, од каде што додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот
Вчера доцна вечерта се случила физичка пресметка помеѓу две групи затвореници во штипскиот затвор, а во која бил повреден еден од вработените во Казнено-поправната установа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, според полицијата, на една од групите инволвирани во тепачката со возила и вооружени со дрвени и други предмети, тргнале да ѝ помогнат и лица однадвор, кои биле затекнати од полицијата пред затворот.
Имено, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера вечер во 23:57 часот жител на скопското село Батинци со иницијали Ш.Н. во Секторот за внатрешни работи Штип пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н., кој издржувал казна затвор во КПУ Штип, и му рекол оти има информации дека ќе биде нападнат во текот на ноќта.
Три минути подоцна, односно точно на полноќ, штипската полиција добила пријава од затворот дека во установата е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и оти имаат сознанија дека кон затворот се упатиле повеќе лица за да ѝ помогнат на едната група.
Полициските екипи кои интервенирале пред затворот затекнале поголема група луѓе со возила.
„По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет“,
информираат од МВР.
Вработениот во затворот, кој за време на физичката пресметка се здобил со повреди, бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.