Позитивни на коронавирус се две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои претпладнево влегле на граничниот премин Табановце враќајќи се од Германија. Децата веднаш се однесени во адаптираната болница за ковид-пациенти во Козле, објави порталот „СДК.мк“.
Мајката и таткото на дечињата, пак, се негативни.
Детската болница во Козле од денеска функционира како ковид-центар. Има 60 легла за возрасни пациенти и 15 за деца сомнителни или заразени со вирусот. Предвидено е таму да се хоспитализираат пациенти со полесна и средна клиничка слика.
