Идентитетот на едното лице е веќе утврден и станува збор за државјанин на Авганистан, додека за второто починато лице полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот
Двајцата мигранти, чии тела беа пронајдени вчера покрај железничката пруга кај кумановското село Табановце, биле прегазени од воз, соопшти денеска СВР Куманово.
Идентитетот на едното лице е веќе утврден и станува збор за државјанин на Авганистан, додека за второто починато лице полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот.
Вчера МВР објави дека во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, Кумановско, биле пронајдени две тела на починати лица мигранти. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово било констатирано дека лицата биле удрени од воз.
По насоки од јавен обвинител телата се предадени за погреб.