„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, две во болница во Кавадарци, a лекар констатирал смрт кај две лица“, информираат од МВР, а повеќе детали за случајот најавуваат по завршување на увидот
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман во близина на селото Радобил, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Несреќата се случила попладнево околу 17 часот помеѓу две патнички возила.
„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, две во болница во Кавадарци, a лекар констатирал смрт кај две лица“,
информираат од МВР, а повеќе детали за случајот најавуваат по завршување на увидот.
Сообраќајот на патот Прилеп-Росоман од 18 часот попладнево се одвива по една коловозна лента.
