Членови на екипажот се двајца романски државјани, еден Молдавец и еден Грк. Животот го загубија едниот Романец и грчкиот државјанин
Двајца загинаа, а двајца членови на екипажот преживеаја во хеликоптерската несреќа на Самос. Попладнево се урна хеликоптер од типот Ми-8 кој учествуваше во гаснење на пожар на грчкиот остров.
Членови на екипажот се двајца романски државјани, еден Молдавец и еден Грк. Животот го загубија едниот Романец и грчкиот државјанин.
Во спасувачката акција учествуваа бродови на крајбрежната служба, два хеликоптери, волонтери и приватни рибарски чамци. Прво жив беше пронајден пилотот, па пронајдени беа безживотните тела на двајцата членови на екипажот. Четвртиот член беше пронајден вечерва жив на компно и според пишувањата на грчките медиуми, веројатно сам успеал да се спаси пливајќи до копното.