Илјадници Суданци протестираат низ земјата од почетокот на оваа недела поради воениот удар со кој беше соборена цивилната влада, по што западните земји замрзнаа помош од милиони долари
Суданската армија уби две лица за време на протестите против пучот што се одржуваат низ земјата, а на кои присуствуваа стотици илјади луѓе, барајќи враќање на цивилната влада.
Комитетот на лекари во судан објави дека двајца демонстранти се убиени во Омдурман, град кој граничи со Картум преку реката Нил.

Демонстрантите во главниот град на Судан носеа знамиња на земјата и извикуваа слогани како „военото владеење не може да се поддржи“ и „оваа земја ни припаѓа нам, а владата е цивилна“.
Жителите излегоа на улиците и во другите делови на Судан.
Илјадници Суданци веќе протестираа оваа недела поради соборувањето на владата на премиерот Абдула Хамдок во понеделникот. Тој беше соборен од генералот Абдел Фатах ал Бурхан, по што западните земји замрзнаа помош од милиони долари. На протестите загинаа најмалку 11 демонстранти.