Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија
Доцна синоќа полицијата спречила обид за нелегален превоз на мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Двајца тетовци околу 22:30 часот биле фатиле со возило „бе-ем-ве“ на автопатот од граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија. При преглед на возилото внатре биле пронајдени 10 Сиријци.
Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а осомничените тетовци биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
Од МВР додаваат дека во координација со јавен обвинител против нив ќе поднесат кривични пријави.