Три лица со закана со оружје ограбија банка во центарот на Скопје, а МВР информираше дека привеле две поради сомнение дека учествувале во разбојништвото
Две лица се приведени во врска со денешното разбојништво во банка во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Во Скопје денеска се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12:35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар, кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените“,
се наведува во соопштението од МВР.
Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени.
Полицијата презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.