Повредените лица биле пренесени во Ургентниот центар во Белград и се надвор од животна опасност
Две лица се повредени во пукање што се случило ноќеска во ресторан во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, пукањето се случило четири часа по полноќ на улицата „Кнез Данило“ во белградската Општина Палилула.
Повредените лица биле пренесени во Ургентниот центар во Белград и се надвор од животна опасност. Едниот од повредените бил ранет во потколеница и во болница бил пренесен од пријател со приватен автомобил. Неколку минути подоцна со приватен автомобил било донесено и другото лице кое имало повреди на вратот и раката.
Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, полицијата трага по напаѓачите, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.
Инаку, според пишувањата, едниот од повредените е поранешниот германски боксер Марио Дасер.