Поради ова, додаваат од АМСМ, сообраќајот е пренасочен преку селото Тркање кон експресниот пат Кочани – Штип
Според првичните информации, повредените се хоспитализирани во Општата болница во Кочани

Сообраќајот на магистралниот пат Кочани – Штип од вечерва во 20:30 часот е во прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Прекинот, како што додаваат, е поради сообраќајна незгода. Сообраќајот е во прекин на потегот од селото Долни Подлог до село Тркање.
Поради ова, додаваат од АМСМ, сообраќајот е пренасочен преку селото Тркање кон експресниот пат Кочани-Штип.
Во сообраќајката, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Штип, повредени се две лица.
Според првичните информации, повредените се хоспитализирани во Општата болница во Кочани.
Несреќата се случила меѓу две патнички моторни возила со кочански регистарски таблички.
