Северна Македонија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и Шведска, заедно со уште многу земји членки на Унијата одговори на потребите со своите капацитети
Авион од Скопје кон Стокхолм се упати денеска напладне, со кој двајца пациенти се пренесени за медицински третман во Стокхолм во Универзитетската болница „Каролинска“, објави Амбасадата на Шведска на својата фејсбук-страница.

„Северна Македонија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и Шведска, заедно со уште многу земји членки на Унијата одговори на потребите со своите капацитети. Шведска стои солидарно со Македонија по трагичниот пожар изминатиот викенд. Нашите мисли и понатаму се со секој од погодените“,
се вели во објавата.
Од Амбасадата додаваат дека континуирано лекување и нега се обезбедени при транспортот на пациентите од Скопје.

„Денеска напладне медицински евакуациски лет од болницата ‘Каролинска’ полета од Скопје со двајца пациенти, за Стокхолм на медицинско лекување во ‘Каролинска’. За време на летот, обезбедена е постојана медицинска нега“,
стои во објавата на Икс.
Досега пациенти од Македонија се испратени на лекување во Бугарија, Грција, Србија, Литванија, Белгија, Холандија, Турција и Австрија.