Б.Д. (48) и З.Ц. (49), двајцата од Скопје, и другите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица
Полициски службеници од СВР Скопје, во координација Државен пазарен инспекторат, синоќа во 23:10 часот извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на бул. „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, при што утврдиле дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР кои одбивале да се легитимираат.
МВР соопшти дека се работи за Б.Д. (48) и З.Ц. (49), двајцата од Скопје. Тие и другите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.
За настанот бил запознат Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат.
